Велбек за успешен старт
Ако не им оди на големите манифестации,барем во квалификациите Англичаните немаа проблеми на стартот. Со доста нови имаиња во составот не којзнае колку убедливи, но сепак со двата гола на Велбек ја совладаа Швајцарија на Сент Јакоб Парк. Идентична победа на гости во Е групата прокнижи Литванија во Сан Марино со погодоците на Матулевичиус и Новиковас за честа на домаќините во групата да ја спаси Естонија со голот во финишот на Пурје дури откако Словенија остана без исклучениот Стевановиќ.

Ако се сметаа стрелците на головите тогаш Русија и Лихтенштајн ќе одиграа 2 спрема 2, но двата ефектни автогола на Бушел и Бургмеер и овозможија убава предност на зборнаја за избраниците на Капело на крајот убедливо да триумфираат со 4-0 со погодоците на Комбаров од пенал и Џиуба.
Со три бода во Г групата отвори и Црна Гора по победата со 2-0 со погодоците на Вучиниќ и Томашевиќ, а по само 12 минути на почетокот беше постигнат конечниот резултат на средбата Австрија-Шведска.Алаба од пенал ги доведе домаќините во водство во 7-та минута ,а по само 5 минути по асистенцијата на Ибрахимовиќ Зенгин го постигна израмнувачкиот гол за 1-1.