Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
15.01.2026 08:17
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до -6 степени, максималните ќе се искачат од 6 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност.
