Обвинителство

Почна процесот за избор на нов јавен обвинител, Собранието го објави огласот

15.01.2026 10:20

Откако ќе истече рокот и ќе се спроведе административната селекција, Советот на јавни обвинители ќе треба да даде позитивно или негативно мислење за кандидатите што ги исполнуваат условите...

Почна процесот за избор на нов јавен обвинител. Собранието го објави огласот. Откако ќе истече рокот и ќе се спроведе административната селекција, Советот на јавни обвинители ќе треба да даде позитивно или негативно мислење за кандидатите што ги исполнуваат условите. Потоа, од оние кои имаат позитивната оценка, Владата ќе избере еден и предлогот ќе го достави во собрание. Наследникот на Коцевски ќе се избере со просто мнозинство од 61 глас.

Наскоро ќе се избере и нов шеф на Скопското обвинителство. За наследник на Бубевски се пријавен пет кандидати. Седницата на советот закажана за вторник.