Иран

Техеран тврди има целосна контрола врз ситуација

15.01.2026 09:24

Активистите сугерираат дека егзекуциите се одложени по меѓународниот притисок додека бројот на жртви надминал 3.000. Техеран тврди дека има целосна контрола врз ситуацијата по како што оценија, терористичките операции во земјата, повикувајќи ги САД на дипломатија.

САД тврдат дека Иран ги запрел плановите за егзекуции на притворените демонстранти во антивладините протести во земјата, иако претходно Техеран најави забрзани судења и погубувања. Сепак, воената опција на Трамп останува на маса додека внимателно ги следи случувањата.

„Ми соопштија, и тоа од многу сигурни извори од другата страна, дека убивањето во Иран запира и дека егзекуциите нема да се одржат. Ќе дознаеме за тоа, ќе видиме дали е вистина, се надевам дека е. Продолжуваме да ја следиме ситуацијата многу сериозно“, Доналд Трамп – претседател на САД.

Активистите сугерираат дека егзекуциите се одложени по меѓународниот притисок додека бројот на жртви надминал 3.000. Техеран тврди дека има целосна контрола врз ситуацијата по како што оценија, терористичките операции во земјата, повикувајќи ги САД на дипломатија.

„Не сум слушнал за никакви бесења, воопшто нема таков план. Мирно е. Нема демонстрации. Нема протести. Четири дена е сè мирно. Иран докажа дека е подготвен за преговори, за дипломатија. Но, на претседателот на САД е да одлучи“, изјави Абас Арагчи – министер за надворешни работи на Иран.

САД и Велика Британија го намалуваат персоналот во базата во Катар како мерка на претпазливост, додека сè повеќе земји ги повикуваат своите граѓани да го напуштат Иран. Авиокомпаниите ги пренасочуваат летовите поради неколкучасовното ноќно затворање на иранскиот воздушен простор по наредба на властите во Техеран.