Украина
Киев бара итни гаранции и воздушна одбрана
15.01.2026 11:00
Зеленски бара итна помош, особено од САД за итни безбедносни гаранции и воздушна одбрана.

Украина прогласи енергетска вонредна состојба поради руските напади и екстремниот студ. Најкритично е во Киев, каде половина милион луѓе се без струја, а новоназначениот министер Шмихал доби итна задача да го спаси системот.
Зеленски бара итна помош, особено од САД за итни безбедносни гаранции и воздушна одбрана.
„Мора активно да продолжиме со документите – за безбедносните гаранции, економските договори и политичкиот документ. Од наша страна има максимална продуктивност. Очекуваме иста енергична работа од американската страна“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
