Данска и Гренланд ќе го продолжат дијалогот со Вашингтон
По средбата со американскиот врв, шефот на данската дипломатија Расмусен потврди формирање работна група за разгледување на американските безбедносни загрижености, без да се преминат црвените линии на Копенхаген.

Данска и Гренланд ќе го продолжат дијалогот со Вашингтон и покрај „фундаменталното несогласување“ околу иднината на арктичкиот остров. По средбата со американскиот врв, шефот на данската дипломатија Расмусен потврди формирање работна група за разгледување на американските безбедносни загрижености, без да се преминат црвените линии на Копенхаген.
„Иако имаме фундаментално несогласување, се согласивме да формираме работна група која ќе ги истражи безбедносните грижи на претседателот, но притоа мора да се почитува територијалниот интегритет на данското кралство и правото на самоопределување на гренландскиот народ“, изјави Ларс Леке Расмусен – министер за надворешни работи на Данска.
Трамп вели дека нема да се откаже од опциите за Гренланд, тврдејќи дека островот е важен за заштита од Русија и Кина. Шведска и европските сојузници веќе најавија зголемено воено присуство во поддршка на данскиот суверенитет.
