САД

САД ги запре имигрантските визи за 75 земји, меѓу нив и Македонија

15.01.2026 09:35

Американските амбасади и конзулати ќе одбиваат апликации за имигрантски визи додека трае ревизија на процедурите за проверка и проценка на апликантите...

Американскиот Стејт департмент привремено ќе престане со обработка на имигрантски визи за граѓаните од 75 земји, меѓу кои е и Македонија. Американските амбасади и конзулати ќе одбиваат апликации за имигрантски визи додека трае ревизија на процедурите за проверка и проценка на апликантите.

Целта е да се спречи издавање визи на лица, кои би можеле да станат „јавно оптоварување“, односно би зависеле од владините социјални бенефиции по доаѓањето во Америка.