Стартува 17-то Европско првенство во ракомет
На ЕП 2026 учествува и Македонија, за која ова е деветто учество на европските шампионати. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров првиот натпревар ќе го одиграат утревечер од 20:30 часот против кодомаќинот Данска, а во групата Б се и Португалија и Романија.

Со денешните четири натпревари, по два во групите А во Хернинг и Ц во Осло, започнува 17. Европско првенство во ракомет.
На турнирот учествуваат 24 репрезентации, поделени во шест групи, а по две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во Главната фаза. Титулата ја брани Франција, додека најуспешна селекција во историјата е Шведска.
На ЕП 2026 учествува и Македонија, за која ова е деветто учество на европските шампионати. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров првиот натпревар ќе го одиграат утревечер од 20:30 часот против кодомаќинот Данска, а во групата Б се и Португалија и Романија.
Македонија првпат настапи на едно Европско првенство во 1998 година, во Италија и, како дебитант, заврши на последното место. Потоа имавме дванаесетгодишен пост од континенталните шампионати, по што се вративме на големата сцена во 2012 година, во Србија, каде што и го забележавме најдобриот резултат – петтото место. Две години подоцна бевме десеттопласирани, додека во 2016 и во 2018 година го освоивме 11. место.
