Тајланд

Тајланд соочен со уште една несреќа, кран се урна на автопат во близина на Бангкок

15.01.2026 15:56

Според неофицијални информации, во најновиот инцидент има најмалку една жртва, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата под урнатините.

Тајланд соочен со уште една сериозна несреќа, откако кран се урна на автопат во близина на Бангкок, само ден по трагедијата во која кран падна врз патнички воз при што загинаа 32 лица, a 66 беа повредени.

Според неофицијални информации, во најновиот инцидент има најмалку една жртва, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата под урнатините.

Локацијата е дел од озлогласениот проект на автопатот Рама 2, каде во изминатите години се случиле повеќе фатални несреќи.