наса

Прва медицинска евакуација во историјата на НАСА

15.01.2026 11:27

НАСА ја спроведе првата медицинска евакуација во својата историја, откако астронаут со здравствени проблеми итно ја напушти Меѓународната вселенска станица.

НАСА ја спроведе првата медицинска евакуација во својата историја, откако астронаут со здравствени проблеми итно ја напушти Меѓународната вселенска станица.

Заедно со него предвреме се вратија уште тројца членови на екипажот – двајца астронаути на НАСА, јапонски и руски космонаут. Од американската вселенска агенција не го открија идентитетот ниту причината за здравствениот проблем, но информираа дека астронаутот е стабилен и под постојан медицински надзор.

Ова беше неочекуван крај на мисијата што започна во август и ја остави орбиталната лабораторија само со еден Американец и двајца Руси на бродот.