Трагедија

Почина двомесечно бебе во болницата во Кавадарци

15.01.2026 13:09

Доенчето било згрижено во кавадаречка болница од 12-ти јануари, било примено поради обилно повраќање по хранењето. Телото на бебето е предадено на обдукција које треба да ги открие причините за смртта.

Двомесечно бебе почина во кавадаречката болница вчеравечер. Доенче У.М. со место на живеење во Кавадарци, било примено на Одделот за педијатрија во Општа болница Кавадарци на 12 јануари година, поради обилно повраќање по хранењето.

„Во текот на деновите кога е тука на нашиот оддел детето е со уредни параметри и уредни лабараториски анализи без повраќање. На 14 јануари година, по итен повик од мајката поради тоа што бебето престанало да дише, веднаш бил повикан дежурен педијатар, а во истиот момент и анестезиолог. Започната е реанимација со соодветна терапија која траела околу 35 минути, но за жал без успех“, соопшти директорката на кавадаречка болница радиолог Гордана Камчева.

По констатирањето на смртта, согласно законските процедури, известени биле надлежните служби – Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Земени бил изјави од родителите и од дежурниот медицински персонал. Со информација за смртта на бебето и од велешката полиција.

Телото на бебето по налог на јавен обвинител од Кавадарци е дадено на обдукција, која треба да ги открие причините за смртта.

 

Петар Печков