Нема поместувања во ставовите на Вашингтон за преземање или купување на Гренланд
Нема поместувања во ставовите на Вашингтон за преземање или купување на Гренланд, арктичката автономна област, со површина од 2,2 милиони квадратни километри на којашто има 60-тина илјади жители. По средбите со потпретседателот Венс и со шефот на Стејт департментот Рубио, данскиот министер за надворешни Расмусен оцени дека станува збор за суштински несогласувања. Во историјата, Америка има купено територии, како што се Аљаска од руската империја или Луизијана од Французите. Според проценките Вашингтон ќе треба да издвои 700 милијарди долари за Гренланд …

А Гренланд е Данска територија која е членка на НАТО. Исто така и лидерот на Алијансата, Соединетите Американски Држави. Парадоксот да биде поголем на островот почнаа да се истоваруваат војници со опрема на Северноатлантскиот сојуз. Тоа веќе го направи Копенхаген, по што следуваше и Париз, Берлин најави распоредување на свој контингент, како и Осло и Стокхолм. Операцијата е наречена „Арктичка решителност“.
„Ќе им покажеме на сад дека НАТО е присутен, дека Данска значително ги зголеми набљудувачките капацитети на Гренланд. Европската унија обезбедува поддршка и европските држави се мобилизираат со НАТО за да го обезбедат регионот, со тоа и безбедноста на САД“, изјави Оливие Повр д’Арвор амбасадор на француските краишта и океани.
Забрзувањето на настаните беше предизвикано од неуспешните разговори меѓу шефот на данската дипломатија Расмусен во Вашингтон. Може ли да се случи американска инвазија на Гренланд, го праша колегата од „Фокс њуз“.
„Најмалку се надевам на тоа, бидејќи тоа ќе значи и крај на НАТО. Затоа сакам да имам попозитивен пристап кон прашањето и е важно за мене да истакнам дека ја споделуваме загриженоста. Затоа сега инвестираме повеќе. Знаете ние последните 20 години не сме добиле никакви воени барања од Американците за Гренланд“, изјави Ларс Локе Расмусен-министер за надворешни работи на Данска.
Но, шефот на Bелата куќа не се откажува од намерата. Трамп не открива на кој начин ќе дојде до целта, но нагласува дека не рекол дека станува збор за инвазија.
„Ако Русија или кина сакаат да го окупираат Гренланд, јас не можам да се потпрам на Данска сама да се одбрани. Но затоа ние сме во можност тоа да го направиме. Покажавме со примерот со Венецуела“, изјави Доналд Трамп-претседател на САД.
Најновиот развој го коментираат Гренланѓаните, се повеќе доминираат наслови со сатира на логото на Трамп, „мага“. Америка да си оди порачуваат.
„Никој не може да не купи, или да не убеди да станеме американци. Го имаме социјалното осигурување кое Америка го нема. Бесплатно здравство и заболекарство, бесплатно образование“.
„Сепак сум загрижена, чувствувам опасност зашто може да ни се случи Венецуела којашто беше бомбардирана“.
Околу 85 насто од населението на островот го сочинува ескимското население Инуити. Анкетите покажале-само шест насто од жителите посакуваат да станат американска територија.
Зоран Богатинов
