Започна театарскиот фестивал „Ристо Шишков“
Струмичката театарска публика по 22-ри пат ќе ја проследи програмата на годинешното издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Први на сцената настапија актерите од Шабац, а минатогодишниот носител на златниот медал е и претседател на годинашната жири комисија...

Десет претстави во пет фестивалски дена. Струмица од синоќа па до петок ќе живее во играта на штиците што живот значат. Почна 22-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Шеесетина актери од шест држави се во конкуренција за единствената награда која го носи името на бардот на македонското глумиште Шишков. Минатогодишниот лауреат, е годнешниот претседател на жири комисијата.
„Тоа е лесна работа, со задоволство чекам да видам кој ќе го понесе златниот медал Ристо Шишков. Чест ми е што сум дел од вашето театарско збиднување. Лауреатот треба да е уметник, тоа е она то го разликува од обичните глумци“, вели Нико Горшиќ- претседател на жири комисијата.
Организаторите велат дека публиката има истенчен вкус за театар и актерска игра. Од година можно е и воведување на новитети во концептот.
„Се најдовме меѓу најдобрите театарски фестивали на балканските простори и во Европа. Сега веќе кулминираме со тоа и се надевам дека веќе следната година ќе треба да планираме нешто ново бидејќи нашата публика е со истенчен вкус“, вели директорот на фестивалот, Ванчо Патриков.
Први на фестивалската сцена настапија актерите од Шабац со претставата „Ќелавата пејачка“ на Ежен Јонеско во режија на Никита Миливојевиќ. Најдобриот актер ќе го добие златниот медал со ликот на Шишков, 1.500 евра парична награда и признание.
Катерина Дафчева
