Реформската агенда со забрзана динамика по лидерската
Реформската агенда се движи со забрзана динамика по успешната лидерска средба на која отсуствуваше само првиот човек на СДСМ, Филипче. По договорот за укинувањето на техничката влада на идните избори, од утре се очекува пратениците да расправаат за изборот на Народниот правобранител.

Изборот на Народниот правобранител прв на агендата. По лидерска средба која сите учесници ја оценија како конструктивна и на која беа отворени повеќе теми, веднаш се премина во нивна реализација, и се поставија одредени рокови. Претседателот на Собранието Африм Гаши најави дека пратеничките групи веќе се координираат и до крајот на неделава, може да се очекува избор на Народниот правобранител за кој е потребно Бадентерово мнозинство.
По заедничкиот став, техничката влада да ги спроведе и следните редовни парламентарни избори, од СДСМ чии лидер одби да присуствува на состанокот, оценуваат дека државата сè уште не е подготвена за демократски избори. Велат ќе продолжат да инсистираат на опстојување на Пржинската влада со сите демократски средства.
На пролет се очекува усвојување на нов Изборен законик – најавија на лидерите на партиите. Една изборна единица е предлог прифатлив за сите. Дали ќе има отворени или затворени листи, ќе се определува ли цензус? Ќе се разгледува во Законодавниот дом. Пратениците до крајот на месецов ќе треба да се усогласат и за законот за прекршоци за кој е потребно двотретинско мнозинство, како би можел, како што беше и најавено од 1 февруари да профункционира проектот Сејф Сити.
Марина Стојанова - Тонева
