Ски центар „Стрежево“

Снегот на планините е радост за сите, а најмногу за децата

15.01.2026 18:29

Првиот годишен снег радост за сите, најмногу за децата. Распустот ги полни сместувачките капацитети. Снежната покривка сè уште не е распространета на Баба Планина, па на овој зимски одмор засега нема скијање.

Додека ски центрите ја чекаат потребната снежна покривка, за официјалната скијачка сезона, Пелистер и натаму останува атрактивна дестинација за битолчани, но и за посетителите од другите градови. Љубителите на природата, чистиот воздух, и зимски прошетки, не дозволија недоволната количина на снег да биде пречка за посета на Баба Планина.

Чајџилницата на ски центарот „Стрежево“ работи секој ден од 8-15 ч, а за најмладите посетители нуди и бесплатен топол чај.

Дополнителен поттик за зголемениот интерес е и бесплатниот превоз, што и оваа година го организираше општина Битола до двата ски центри на Пелистер.

Планината е најпосетувана за време на зимскиот распуст. Посетителите велат дека и без можност за скијање, Пелистер нуди доволно содржини-од рекреативни прошетки и уживање во зимскиот амбиент, до престој во угостителските објекти. Снегот за време на зимскиот распуст е најголема радост за најмалите, но и повозрасните.

Од ЕСМ Молика во чија надлежност е ски центарот Копанки, велат, тоа што нема доволно снег за скијање, воопшто не влијаело на одлуката граѓаните да поминат денови од зимскиот распуст на планина. Во месец јануари, целосно исполнет сместувачкиот капацитет на Хотел „Молика“.

 

Александра Максимовска