Муцунски: Работиме со стратешкиот партнер на решение
САД ја кренаа визната рампа за 75 држави, вклучително и за Македонија. Американската државна администрација одлучи да го запре издавањето на иселенички визи почнувајќи од 21 јануари...

САД привремено ги стопираше иселеничките визи за Македонија. За МНР тие не се приоритет оти се работи за мал број повозрасни македонски државјани, а нема застој за издавање визи за патување во САД за туризам, бизнис, наука, студии. Се работи на решение со стратешкиот партнер САД, којшто од 33 проценти данок лани го намаливме на 15 посто. Во наредните 6 месеци, македонската јавност пријатно ќе се изненади од решението за визите, вели шефот на дипломатијата Муцунски.
Ставањето на Македонија како стратешките партнер на САД во ист кош со Сомалија и Сирија покажува дека САД го сметаат регионот на Западен Балкан како зона со економски ризик чии државјани би станале јавен товар во САД. И стратешкото партнерство и членство во НАТО не е доволна гаранција за изземање од новите имиграциски филтри.
Од МНР не откриваат за какво решение ќе се бара со Вашингтон за иселеничките визи и дали ќе се бара да се намали бројот на илегалците од Македонија во САД.
Ирина Гелевска
