Македонија

Новиот закон за пушење, отворен за дискусија

15.01.2026 17:44

Угостителите ќе седнат на маса со надлежните пред да стартуваат строгите одредби против пушењето цигари. Секој закон кој го штити здравјето на граѓаните треба да се поддржи, вели заменик-министерот за економија, Ристески.

Отворен за дискусија новиот закон за пушење. Надлежните, велат дека се подготвени да седнат на маса со сите засегнати страни доколку има интерес.

Новото законско решение ги изненади угостителско-хотелиерскиот сектор бидејќи со него се предвидува целосна забрана за пушење во сите затворени јавни и работни простори.

Цигари се забранети и во приватни возила, доколку внатре има дете. Исклучок се дозволува само на отворени тераси кои се отворени од најмалку три страни. Јавноста со поделени мислења, но оние кои ги анкетиравме велат дека законот е добар бидејќи ќе се намали бројот на пушачи, а и се заштитуваат оние кои не пушат.

Заменик-министерот за економија, Ристески, смета дека секој закон кој е во насока на заштита на добросостојбата на граѓаните заслужува поддршка.

Новиот закон за пушење треба да стапи во сила од 1-ви март, најавија од Министерство за здравство.

Од Министерството велат дека целта на новиот закон за пушење не е да се казнува, туку да се первенира бидејќи скоро половина од населението во земјава се пушачи односно 45 проценти.

Ана Јосифоска