Парламентот одново ќе избира член на Судски совет
Собранието ќе го повтори огласот за избор на член за Судски совет. Од составот од 15 членови, останува уште да се пополни местото од немнозинските заедници, кој според првиот човек на ова тело ќе биде избран до крајот на месецот. Двете избранички на претседателката Сиљановска-Давкова ја дадоа свечената заклетва во Парламентот. Очекуваат дека новото законско решение ќе донесе поголема дисциплина во правосудниот сектор.

По давањето на свечената изјава во Собранието на двајцата членови на Судскиот совет универзитетската професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска избрани на предлог од претседателката на државата, почнува процесот на комплетирање на составот на Судскиот совет.
Кон крајот на месецот на непосредни избори судиите ќе гласаат за уште еден член на Судскиот совет од немнозинските заедници. И претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, рече дека новите членови се додадена вредност на ова тело, со што тоа ќе може да ја остваруваат својата надлежност според уставните одредби.
Според адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска која е избрана за член на Судскиот совет вели треба, храбро, отчетно, одговорно и трпеливо да почнат да се движат во позитивен правец и да придонесат да се зголеми довербата во судството.
Адвокатот Звонко Давидовиќ, вели добро е што е донесен новиот закон за Судски совет се зајакнуваат критериумите за избор на судии, се забрзуваат одредени управни постапки, како и зајакната контрола на одговорноста на судиите.
Според спикерот Гаши се очекува Комисијата за избори именувања, да ја почне процедурата за предлог на член кој произлегува од законодавниот дом.
Игор Панов
