Куманово

Печaлбарите бараат оставка од директорката на УЈП

15.01.2026 15:15

Овие печалбари бараат сторнирање на решенијата, затоа што веќе доставиле докази за платен данок од американските компании.

Оставка од директорката на Управата за јавни приходи и кривична одговорност за пропустите што биле направени изминативе години, побараат на денешниот протест печалбарите од Ирак и Авганистан, кои се против оданочување.

Тие демантираат дека навреме биле известени за плаќање данок.

Јавно ја повикаа директорката на средба и дијалог, бидејќи станува збор за средства од 2020-та година.

Овие печалбари бараат сторнирање на решенијата, затоа што веќе доставиле докази за платен данок од американските компании.

Најавија дека ќе продолжат да ја бараат правдата.