Американската војска заплени уште еден санкциониран танкер за нафта во Карипското Море
Танкерот „Вероника“ пловел под знаме на Гвајана и, според документите поврзан е со Венецуела. Ова е шестиот танкер што го запленија американските сили...

Јужната команда на американската војска заплени уште еден санкциониран танкер за нафта во Карипското Море.
Танкерот „Вероника“ пловел под знаме на Гвајана и, според документите поврзан е со Венецуела. Ова е шестиот танкер што го запленија американските сили, како дел од напорите да го контролираат производството и глобалната дистрибуција на нафтените производи на Каракас.
Заплената се случува само два дена пред закажаната средба меѓу американскиот претседател Трамп и венецуелската опозициска лидерка, Мачадо.
САД го соборија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга со воена акција на 3-ти јануари.
