ОЈО ГОКК

Спроведена акција за даночна измама

16.01.2026 08:16

Полициската акција, под раководство на јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција траеше до доцна синоќа. Се вршеле претреси на повеќе локации, обезбедени и лица осомничени за даночна измама, и затајување од поголеми размери...

Полициската акција, под раководство на јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција траеше до доцна синоќа. Се вршеле претреси на повеќе локации, обезбедени и лица осомничени за даночна измама, и затајување од поголеми размери. Според првичните информации, станува збор за вработени во УЈП. 

Од Обвинителството повеќе детали за спроведената акција најавија за денес.