Бомбашот од Брисел подготвувал атентат во Франција за 14-ти јули

09.09.2014 13:02

Терористот одговорен за убиствата во еврејскиот музеј во Брисел, подготвувал атентат во Франција за 14-ти јули. Станува збор за Мехди Немуш, кој е препознаен како еден од чуварите на грабнатите француски новинари во Сирија од страна на исламистите...

Мехди Немуш, лицето кое е обвинето за терористичкиот напад во Еврејскиот мусеј во Брисел, бил чуварот на четворицата француски новинари кои беа грабнати во Сирија.

Оваа информација беше чувана како тајна од француските истражни органи за да се заштитат животите на другите заложници од Западните земји кои се во рацете на Исламската држава.

Никола Хенан еден од четворицата француски новинари ослободени во април, го прекина молчењето, притоа тој одржа конференција за печатото во неговиот неделник „Ле Пуан“.

„Да, Мехди Немуш ме малтретираше мене лично. Не сумм запознат дали малтретирал други запдни заложници. Но затоа пак го имав слушнато како ги измачува сириските затвореници во објектот во кој се наоѓавме. Тоа беше подземјето на една поранешна болница, во која покрај западните заложници имаше меѓу 50 и 80 други затвореници за кривични дела“, вели Никола Хенан – новинар „Ле Пуан“.

29 - годишниот Мехди Немуш беше уапсен на 30 мај при рутинска контрола во Марсеј. Притоа со него тој носеше оружје, знаме на Исламската држава и филм во кој зборува за убиствата во Еврејскиот музеј во Брисел. На крајот од јуни тој и беше испорачан на Белгија каде се води истрага за терористичкиот напад во музејот.

„Либерасион“ од своја страна пишува дека Немуш подготвувал атентат за 14 јули во Париз, за што се фалел пред заложниците.

Јавното обвинителство на Париз ги демантира информациите на „Ле Монд“ и „Либерасион“.

Според проценките во Сирија и Ирак војуваат неколку стотина млади французи, што ги загрижува француските тајни служби.

 

Тони Гламчевски