Кратово
Премиерот Мицкоски ќе ја посети целосно реконструираната спортска сала во Кратово
16.01.2026 10:29
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе оствари посета на целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово...

Денес претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе оствари посета на целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово.
Со успешно реализирање на сите три фази, завршен е проектот за целосна реконструкција на големата спортска сала во Општина Кратово – еден од најзначајните спортски и јавни објекти во општината.
