Брисел со поддршка за островот Гренланд
Од Брисел ја повторија поддршката за островот, нагласувајќи дека безбедноста на Арктикот е клучно прашање за НАТО, додека војници од Франција, Германија, Шведска и Норвешка пристигнаа на островот во поддршка на данскиот суверенитет...

Белата куќа соопшти дека испраќањето европски трупи на Гренланд нема да го промени ставот на претседателот Трамп за присвојување на островот.
„Не мислам дека војниците од Европа влијаат врз процесот на донесување одлуки на претседателот, ниту пак, влијаат на неговата цел за стекнување на Гренланд“, изјави Каролин Левит, портпаролка на Белата куќа.
Од Брисел ја повторија поддршката за островот, нагласувајќи дека безбедноста на Арктикот е клучно прашање за НАТО, додека војници од Франција, Германија, Шведска и Норвешка пристигнаа на островот во поддршка на данскиот суверенитет.
„Гренланд може да смета на нас политички, економски и финансиски. А кога станува збор за неговата безбедност, дискусиите за безбедноста на Арктикот се пред сè клучно прашање на НАТО. Затоа ќе продолжиме да работиме на безбедноста со нашите сојузници, партнери, вклучувајќи ги и САД“, изјави Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
Од Кремљ велат дека се сериозно загрижени за НАТО-трупите на Гренланд, оценувајќи дека тоа се прави под лажен изговор за наводно зголемени закани од Русија и Кина.
