Утрово најниска температура измерена во Берово

16.01.2026 09:45

Денес студено утро низ државата, со најниски-5 степени во Берово. Во Струмица и Битола беа измерени-4, а-3 степени во Скопје – Петровец, Демир Капија и Тетово...

Денес студено утро низ државата, со најниски-5 степени во Берово. Во Струмица и Битола беа измерени-4, а-3 степени во Скопје – Петровец, Демир Капија и Тетово. Прилеп и Велес се разбудија на-2, додека на повеќе места беа забележани-1 степен.

Во Дојран, Крива Паланка, Куманово и Крушево температурата се движеше околу 0 степени, додека во Гевгелија и Охрид беше измерен 1 степен. Најтопло утринава беше во Виница со 2 и во Ѓуриште со 4 степени.

На планинските места продолжува да има снежна покривка. До 7 часот најмногу снег е измерен на Попова Шапка – 24 сантиметри, додека во Маврови Анови и Крушево снежната покривка достигна до 9 сантиметри.