Малезискиот боинг бил погоден со метален објект пред да се сруши

09.09.2014 13:08

Во несреќата на 17-ти јули не преживеа ниеден од 298-те патници и членови на екипажот...

Холандските експерти го објавија извештајот за падот на Малезискиот боинг на истокот на Украина, кај руската граница. Бил погоден од метални објекти што го пробиле со голема брзина. Истражителите не се изјаснија дали се работи за шрапнели од ракета.

„За тоа е потребна натамошна истрага. Ќе се обидеме да утврдиме што се тие објекти. Испитуваме повеќе метални објекти најдени близу до телата“, вели Тјибе Јустра, Борд за безбедност на Холандија

Во несреќата на 17-ти јули не преживеа ниеден од 298-те патници и членови на екипажот на лет од Амстердам до Куала Лумпур. Русија и Украина се уште си ја префрлаат одговорноста.