Ракомет

Македонија денеска го има првиот настап на ЕП во ракомет

16.01.2026 11:40

За Македонија ова е деветто учество на ЕП, осмо во низа, а најдобриот пласман го оствари во 2012 година, кога го освои петтото место.

Европското првенство во ракомет, 17-то по ред, кое се игра во Данска, Норвешка и Шведска, започна вчера, а Македонија денеска го има првиот настап.

Титулата ја брани Франција, која со нов трофеј би се израмнила со рекордерот Шведска со по пет златни медали.

За Македонија ова е деветто учество на ЕП, осмо во низа, а најдобриот пласман го оствари во 2012 година, кога го освои петтото место. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров денеска од 20:30 часот во Хернинг ќе играат против актуелниот олимписки и светски шампион Данска, а во групата Б сè уште Португалија и Романија.