Здравство

Грипот продолжува да се шири

16.01.2026 11:55

Последниот извештај на Институтот за јавно здравје нотира 2.300 новозаболени за една недела, 2,2 пати повеќе од првите седум дена во новата година.

Бројот на заболени од грип е во постојан пораст – најзесегнати децата и хронично болните. Здравствените власти ја следат состојбата – продолжување на зимскиот распуст нема да има, бидејќи бројките не се алармантни и нема потреба од дополнителни мерки.

Последниот извештај на Институтот за јавно здравје нотира 2.300 новозаболени за една недела, 2,2 пати повеќе од првите седум дена во новата година. Најмногу во Скопје, Тетово, Куманово и Охрид. Комисијата за заштита од заразни болести препорача во здравствените установи сите здравствени работници, пациенти и граѓани кои одат на посета да носат заштитни маски.

Пред неколку дена поради компликации од грип на Инфективната клиника почина 75 годишна жена која имала повеќе хронични болести. Здравствените власти посочуваат дека вакцинацијата е најдобра превенција.