Вонреден надзор во кавадаречката болница
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја проверува целокупната документација на бебето од матичен лекар до болницата.

Во тек е вонреден инспекциски надзор во кавадаречката болница каде што завчера почина двомесечно бебе. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја проверува целокупната документација на бебето од матичен лекар до болницата.
Бебето било хоспитализирано во понеделникот, во болницата престојувало два дена поради обилно повраќање по хранење. Кога починало новороденчето имало со уредни параметри и лабораториски анализи без повраќање. Кога детето престанало да дише, мајката веднаш повикала доктор, лекарите половина час се обидувале да го реанимираат.
Поради ненадејната смрт на новороденчето, ќе се изврши обдукција која треба да покаже од што настанала смртта.
