Фудбал – Квалификации за ЕП 2016
Киксеви на Украина и на Белорусија!
09.09.2014 13:21
Вечниот аустајдер Луксембург, последните неколку сезони потвдрува дека фудбал веќе играат сите. Ако фудбалерите на Луксембург имаат омилен противник, тоа сигурно е Белорусија затоашто во четвртиот меѓусебен дуел, третпат ремизираа и имаат само еден пораз...

Шпанија како апсолутен фаворит во нашата Група Ц, па празнина, па преостанатите репрезентации коишто според стартните резултати ќе конкурираат за второто место и директен пласман на Европското првенство во 2016-та, како и за третата позиција којашто носи бараж.
Вечниот аустајдер Луксембург, последните неколку сезони потвдрува дека фудбал веќе играат сите. Ако фудбалерите на Луксембург имаат омилен противник, тоа сигурно е Белорусија затоашто во четвртиот меѓусебен дуел, третпат ремизираа и имаат само еден пораз. Според селекторот на Луксембуг, Лук Холц неговата репрезентација, иако без тројца стандарни фудбалери, го одиграла најдоброто полувреме и заслужила да води повеќе од 1:0. Сепак, по голот на
Герсон во 42-та минута, Белорусија била доминантна во второто полувреме, но подобрата статистика од 61 процент посед на топката и 18-те шутеви, ја претвори само во конечни 1:1. Стрелец беше Драгун на 12 минути пред крајот.
Словачка секогаш може да биде незгодна, но поразот на Олимпискиот стадион во Киев за Украина е голем кикс. Првпат Словаците успеваат да ја совладаат Украина и што е најважно тоа го сторија во единствениот официјален натпревар, претходните три беа пријателски. По грешката на домашната одбрана, важни три бода на Словачка и донесе Мак уште во 17-та минута. И покрај иницијативата и 20-те удари кон противничкиот гол, Украинците не се извлекоа, па загубените бодови ќе се обидат да ги надополнат на 9 октомври на гости кај Белорисија. Во второто коло, дербито ќе биде во Братислава меѓу Словачка и Шпанија, а Македонија во Скопје ќе игра со Лускембург.
