ВЕНЕЦУЕЛА

Венецуела најави „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

16.01.2026 16:44

Привремената претседателка Родригез соопшти дека приходите од нафта и гас ќе се вложат во здравството и повика на дијалог со САД...

Венецуела најави „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори, со реформи за зајакнување на енергетскиот сектор.

Привремената претседателка Родригез соопшти дека приходите од нафта и гас ќе се вложат во здравството и повика на дијалог со САД, додека претседателот Трамп изрази интерес за долгорочен пристап до венецуелската нафта, од која земјата располага со околу 17 отсто од светските резерви.