Украина

Киев воведе итни мерки за стабилизација на енергетскиот сектор

16.01.2026 20:41

Зеленски нареди зголемување на увозот на струја, додека во Харков се пријавени сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура...

Киев воведе итни мерки за стабилизација на енергетскиот сектор по силните руски напади и најстудената зима во последните две децении. Зеленски нареди зголемување на увозот на струја, додека во Харков се пријавени сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура. Истовремено, Зеленски му одговори на Трамп дека Украина не е пречка за мирот, откако американскиот претседател ја обвини за застој во мировните напори, додека Путин тврди дека Москва е посветена на брзо и долгорочно решение за конфликтот.

„Украина никогаш не била и никогаш нема да биде пречка за мирот. Токму руските ракети, руските „Шахед“ и обидите на Русија да ја уништи Украина јасно докажуваат дека Русија воопшто не бара договори. Кога Украинците ќе останат без електрична енергија 20-30 часа поради Русија, и кога руските напади имаат за цел да го скршат нашиот енергетски систем и нашиот народ, мора да се изврши притисок врз Русија“, изјави Володимир Зеленски, претедател на Украина.