Мицкоски очекува Законот за прекршоци да се изгласа на следната собраниска седница
Системот „Безбеден град“ треба да почне со казни од 1-ви февруари. Премиерот е задоволен од пробниот период, очекува Законот за прекршоци да се изгласа на следната собраниска седница. „Безбеден град“ да детектира и казнува фрлање отпушоци и отпад од возилата, бараат невладините.

Системот „Безбеден град“ треба да почне со казни од 1-ви февруари. Премиерот Христијан Мицкоски очекува Законот за прекршоци да се изгласа на следната собраниска седница, по договорот што паднал на координација меѓу пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, следствено на лидерската средба.
Премиерот е задоволен од пробниот период, според статистиката, во декември немало ни една жртва во сообраќајот, оти возачите ги почитувале правилата.
„Безбеден град“ да детектира и казнува фрлање отпушоци и отпад од возилата, бараат невладините. Оттаму веќе испратија петиција од над 1.000 граѓани до Владата и МВР, за унапредување на системот, по примерот на другите земји.
Велика Британија е една од земјите каде оваа пракса успешно се спроведува. Тамошните власти ги казнуваат оние кои фрлаат ѓубре од возилата, уловени токму преку камерите за сообраќај.
За да профункционира „Безбеден град“, во Собранието треба да биде донесен законот за прекршоци, со што и официјално ќе може да се пишуваат и казни.
Борис Грујоски
