Комеморација во чест на Драган Б. Костиќ
Kомеморација во чест на легендата на радиоводителството Драган B. Костиќ, со големи емоции, сеќавања и солзи, најблиските, колегите и соработниците се потсетија на неговата вредност, професионалност и успеси.

Сеќавања, емоции и солзи од најблиските пријатели, соработници и колеги по големата загуба. Комеморацијата за Драган Б.Костиќ ги откри најубавите и најтажните мигови кои заедно ги поминале, но и сите успеси и падови. Креаторот на сите диско забави, на култната радиоемисија „диско селектор“, гласот кој повеќе од 4 децении го знаеа генерации млади па и повозрасни не може да си замине.
Еден од неговите најдобри пријатели диџеј Бане порача ќе се сретнеме пак.
Пејачи чии имиња ги лансира како млади надежи а кои станаа славни на естрадата со почит се присетија.
Драган Б. Костиќ ја почна кариерата во тогашното радио Скопје, прославувајќи се со својот глас, и освен со „Диско селектор“, што почна да се емитува во јуни 1974 и со „заборави ако можеш“, која ја водеше од 1991.
Беше еден од најпознатите скопски диџеи и голем колекционер на музика. Почина на 20 декември 2025 година, по кратко боледување.
Фиљана Кока
