Финансиски криминал

20 осомничени за штета од 4,8 милиони евра врз Буџетот

16.01.2026 16:29

Вработени во дирекцијата на УЈП, газди и управители на фирми, повеќе лица се упасени во акцијата за разбивање на злосторничко здружување и перење пари. Обвинителството отвори истрага за серија кривични дела со даночни малверзации. ..

Бизнисмени и вработени во УЈП формирале криминална група и преку повеќекратни даночни злоупотреби го оштетиле буџетот за 4.8 милиони евра. ОЈО ГОКК покрена истрага за 20 лица осомничени за повеќе кривични дела кои ги извршиле во период од 2023 до 2025 година. Првоосмничениот српски државјанин, управител на две фирми заедно со двајца вработени од УЈП со прикажување на неточни пријави и помош на даночни службеници, избегнал плаќање на данок во износ од над 11 милиони денари. Подоцна во криминалната шема им се вклучиле и други управители, сопственици и лица кои работеле на раководни позиции во УЈП.

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, со асистенција на МВР, се вршеле претреси на 16 локации низ државата. Пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените се приведени.

 

Викторија Милевска