Реакции за одлуката на САД за визите
Премиерот Мицкоски најавува добри вести за вината политика од САД, коментирајќи ја одлуката за запирање на постапката за издавање на иселенички визи. И порача на опозицијата да биде внимателна со навредите. Мерката е политички сигнал и предупредување од Вашингтон, постои недоверба во институциите на државава - велат од СДСМ…

Премиерот Мицкоски ги уверува македонските граѓани дека ќе има добри вести од нашиот стратешки партнер САД, иако вчера Вашингтон ја стопира постапката за издавање на иселенички визи. Станува збор за имигрантските, не за студирање или туристички посети.
Мицкоски ги осуди жестоките и рафалните напади на опозицијата, кон нашиот стратешки партнер Обединетото кралство, а сега како што рече премиерот, СДСМ истото го прави и кон САД.
Според опозициската СДСМ, Мицкоски ја ставил целата држава на црната листа.
Одлуката на САД да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е техничка пауза, како што вели министерот Муцунски, туку политички сигнал, предупредување, порачуваат од СДСМ. Велат партијата ќе продолжи да ја разоткрива според нив оваа опасна агенда и да се бори против политиките на изолација и загрозување на стратешкото партнерство со САД.
Овие реакции во јавноста доаѓаат откако САД ја суспендира програмата за издавање на емигрантски визи за 75 држави меѓу кои и Македонија.
Игор Панов
