Македонија е безбедна држава во однос на светските случувања
Безбедноста на Македонија е на највисоко ниво, наспроти геополитичките конфликти, новите воени жаришта во светот, кажа министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој најави дека има решение за статусот на професионалните војници со над 45 годишна возраст.

Македонија и нејзините граѓани може да се чувствуваат безбедно наспроти конфликтите што се случуваат во светот и заканите по безбедноста во Европа. Има геополитички бранувања, нови жаришта, внатрешни немири во одредени региони, а безбедноста на Македонија е на највисоко ниво, кажа министерот за одбрана Владо Мисајловски, при денешната посета на Велес.
Министерот Мисајловски беше во касарната во Велес каде новата генерација професионални војници, 300 на број, дадоа свечена заклетва. Министерот одговори и на прозивките за решавањето на статусот на професионалните војници, со над 45 години возраст. Рече дека решение, изработено заедно со армијата има и наскоро ќе биде објавено.
Мисајловски рече дека има голем интерес за професионални војници, поради што се работи на нов конкурс кој би се распишал годинава.
Петар Печков
