Инспекциски надзор за починатото бебе
Државниот санитарен и здравствен инспекторат бара комисија за стручен надзор да ги утврди точните причини за смртта на двомесечното бебе во болницата во Кавадарци. Сè уште се чекаат и резултатите од обдукцијата...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат бара комисија за стручен надзор да ги утврди точните причини за смртта на двомесечното бебе во болницата во Кавадарци.
Сè уште се чекаат и резултатите од обдукцијата. Заклучокот доаѓа откако Инспекторатот извршил надзор во општата болница каде по увидот на медицинската документација и здравствена евиденција е констатирано дека доенчето, било донесено на одделот за педијатрија на 12-ти јануари заради чести повраќања. Имало уредни лабораториски анализи и параметри. Два дена подоцна, по итен повик од мајката дека детето не може да дише, бил повикан педијатар и анестезиолог кои почнале процес на реанимација.
Во извештајот како основна причина за смрт е наведена „ненадејна смрт на доенче“. Случајот е разгледуван и на стручен колегиум и од страна на комисијата за квалитет.
