МВР од вторник ќе ги тестира камерите од „Безбеден град“, нема да се пропуштаат возила на одредени места
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01. (вторник) до 31.01. (сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор...

Во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01. (вторник) до 31.01. (сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор, соопштија од МВР.
Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.
За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.
Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.
„Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“, се вели во соопштението на МВР..
