Куманово

Сезонскиот грип го наполни ургентниот центар во Куманово

17.01.2026 15:33

Наглата промена на температурата, но и карактеристичен за овој период од годината, сезонскиот грип го наполни ургентниот центар во Куманово. Лекарите со апели до граѓаните повеќе здрава храна, но и одмор.

Сезонскиот грип го наполни ургентниот центар во Куманово. Пациенти над седумгодишна возраст секојдневно бараат помош од здравствените работници. Симптомите се различни од покачена температура, мускулни болки, главоболки, до кашлица, болки во грлото.

„Нема точно определен тип на пациенти според возраст, од различна возраст се, но ги третираме повозрасните. Во овој период обемот е зголемен, претежно во тек на дежурствата, по затворање на примарното здравство, но и преку ден имаме зголемен број на прегледи. Од повозрасните при оние магливи денови имавме егзерцевации на астма и хооб“, истакна доктор Дарко Каранфиловски.

Лекарите со препораки да се работи на јакнење на имунитетот, само така можеме да се заштитиме од грип. Препорачуваат здрава храна, сон и редовна физичка активност.

„Имаме голем број на лекови коишто се типот на витамини коишто многу придонесуваат за зголемување на имунитетот. Имаме општи здравствени препораки коишто исто така треба да се почитуваат. За жал денеска се повеќе во амбулантите се сретнуваме со популација коишто многу рано доаѓаат или многу доцна“, изјави Никола Стефановски, лекар Ургентен центар Куманово.

Апелираат за советите граѓаните да се упатат кај матичните лекари.

Лекарите укажуваат вакцинацијата останува најдобра заштита за сезонски грип.

Елена Георгиевска