14 нови случаи на заразени од жолтица во Скопје
09.09.2014 14:37
Пацинетите се на возраст од 3 до 60 години. Најголем дел од нив- 8, се од Шуто Оризари...

14 новозаболени пацинети со жолтица има во Скопје во текот на продолжениот викенд. Пацинетите се на возраст од 3 до 60 години. Најголем дел од нив- 8, се од Шуто Оризари.
Од новозаболените, 9 се деца на училишна возраст. Тројца од пациентите се заразиле од заболено лица, додека останатите се епидемиолошки неповрзани.
Во Скопје досега вкупно 121 лице е заразено со жолтица.
Надлежните велат дека во училиштата се почитуваат превентивните мерки.
Во Шуто Оризари направена е дезинфекција во куќите од каде потекнуваат заболените и во оваа општина ќе има почести контроли.
Во Штип нема нови случаи на заразени со жолтица.
Наташа Јанчиќ
