гренланд

Трамп: Дополнителни царини за земјите кои се противат Гренланд да биде под американска контрола

17.01.2026 11:00

Трамп со месеци инсистира дека најголемиот остров во светот треба да биде под американска контрола, инсистирајќи дека се помалку од тоа би било неприфатливо за Вашингтон.

Американскиот претседател Трамп изјави дека размислува да воведе дополнителни царини за земјите кои се противат на неговата намера за анексија на Гренланд.

Трамп со месеци инсистира дека најголемиот остров во светот треба да биде под американска контрола, инсистирајќи дека се помалку од тоа би било неприфатливо за Вашингтон.

Против намерите на Трамп за преземање, за денеска се најавени големи протести во Копенхаген и во други градови во Данска, како и во престолнината на Гренланд Нуук.