Аерозагадување

Во неколку градови се дише загаден воздух

17.01.2026 14:40

Скопје, Куманово, Струмица повторно на удар од енормно аерозагадување. Мерните станици регистрираат трипати повисоко ниво над максимално дозволеното на ПМ-10 и ПМ-2,5 честичките.

Ако државата им наложи на малите индустрии и на домаќинствата да користат филтри, делумно ќе се намали аерозагадувањето, сметаат екоактивистите. Велат, нема инстант решение за деценискиот проблем, но ако и градежниците и каменоломите го мерат загадувањето, ќе имаме појасна слика за воздухот што го дишеме. 

Предлагаат и ограничувања на увозот на половни возила кои се дел од проблемот.

Заштитни маски, прочистувачи на воздух – граѓаните бараат чаре за аерозагадувањето.

Мерните станици покажаа дека жителите на Лисиче и на Центар дишат најлош воздух, бидејќи нивото на штетни ПМ честички беше 4 пати повисоко од максимално дозволените, но загаден воздух дишат и жителите на другите градови.

 

Анита Димитријевска - Велковска