Квоти за вработување странски работници
10 илјади странски државјани ќе имаат можност за вработување во земјава. Владата ги одобри квотите. Од бизнис-секторот задоволни. Велат, ќе се реши сериозниот проблем од недостиг на работна сила. Најголем интерес за вработување во земјава има од работниците од Бангладеш, Непал, Индија, Кина, Филипини, Турција...

Отворањето врата за 10 илјади странски работници легално да работат во земјава е добар чекор на државата, оти само така може да се пополни празнината од недостигот на кадар, вели универзитетскиот професор Лазар Јовески, кој е и советник на премиерот Мицкоски. Тој објаснува дека планот е да се издадат 9.750 дозволи за редовно вработување, 200 за упатени странци и 50 за сезонски работници.
СДСМ, пак, ја критикуваше владината одлука.
Најмногу кадар фали во градежништвото, индустријата, угостителството и трговијата.
Стопанството со години бараат зголемување на квотата, оти како земја, каскаме зад сите земји во регионот.
Во Агенцијата за вработување се регистрирани речиси 90.000 невработени кои претставуваат потенцијал за пополнување на слободните работни места, но добар дел од нив, ниту се јавуваат на огласите, ниту се преквалификуваат, туку работат на црно.
Борис Грујоски
