Политика

Тужби и повици до ОЈО по изјавата на д-р Жан Митрев

18.01.2026 10:01

Лидерот на СДСМ најави тужба против Жан Митрев, кој во емисија рече дека Заев и Филипче сакале да стекнат сопствеништво врз болницата во екот на ковид кризата,

Лидерот на СДСМ најави тужба против лекарот Жан Митрев, кој во емисија рече Заев и Филипче направиле обид да се стекнат со сопствеништво врз неговата болница. Тој рече дека е предмет на јавен линч и црна кампања со лаги.

„ВМРО-ДПМНЕ ја помина секоја граница и јас преку ова нема да поминам. Ова не е политика. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство? За што следно? Доста е веќе. Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот“, нагласи Филипче.

Филипче излезе на вонредна прес-конференција по наводите на доктор Жан Митрев.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до Јавното обвинителство да се истражи случајот, по обвинувањата од Митрев дека високи функционери од претходната власт сакале на лукративен начин да му го одземат сопствеништвото.

Против Митрев беше поднесено обвинение и се води судска постапка за доведување во заблуда на пациенти за лекувањето со хемофилтрација во ковид кризата.

 

Марина Стојанова-Тонева