Вонреден состанок во Брисел, по објавата на Трамп за воведување дополнителни царини
Овој состанок е инициран од Кипар, земјата што моментно претседава со ЕУ. Амбасадорите на 27-те членки на ЕУ ќе се соберат на итен собир поради зголемувањето на напнатоста околу Гренланд.

Итен состанок на претставниците на Европската унија е закажан за денеска во Брисел, по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни давачки за производи од осум европски држави, поради состојбата во врска со Гренланд.
Овој состанок е инициран од Кипар, земјата што моментно претседава со ЕУ. Амбасадорите на 27-те членки на ЕУ ќе се соберат на итен собир поради зголемувањето на напнатоста околу Гренланд.
Трамп објави дека царините, првично од 10 проценти, ќе бидат наметнати во февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Во подоцнежен период, овие давачки ќе пораснат на 25 проценти и ќе останат во сила.
