Австралија
Големи поплави во Австралија по изобилните врнежи
18.01.2026 14:01
Австралиските власти соопштија дека 20 лица биле спасени од поплавените региони во источната сојузна држава нов јужен Велс.

Големи поплави во Австралија по изобилните врнежи што го зафатија континентот. Австралиските власти соопштија дека 20 лица биле спасени од поплавените региони во источната сојузна држава нов јужен Велс.
Во Сиднеј, жителите и туристите биле евакуирани откако опасни поплави го зафатија ниското предградие Нарабин.
Екипите на итните служби интервенирале во над илјада и 400 инциденти низ сојузната држава од почетокот на поројните дождови. Метеоролозите предупредуваат дека за денеска се можни нови бури, јужно од Сиднеј.
