Се подобрува даночната дисциплина на граѓаните
Даночните одделенија во општините ги подготвуваат даночните решенија за имот на граѓаните за оваа година. Општинските инфраструктурни проекти зависат од наплатата на данокот на имот. Каква е даночната култура на жителите во источниот регион од државата.

Даночната култура во Штип расте од година во година. Во 2025 по основ на данок на имот во Општина Штип наплатени се 44 милиони денари, за 7 милиони повеќе од предминатата година.
Висок процент на наплата на данок на имот има и во Берово, 85 насто за минатите години, односно 4 милиони денари за 2025 година. Солидна е и даночната култура во Општина Пробиштип.
Во Пробиштип од оваа година данокот на имот ќе може да се плаќа електронски. Ваква можност годинава ќе имаат и жителите на Кочани каде наплатата на данокот на имот лани бил 98 насто, односно 18 милиони и 900 илјади денари.
Славица Величковска
