Здравство
Грипот ја зеде втората жртва годинава
18.01.2026 12:40
На Клиниката за инфективни болести почина 69-годишен маж поради компликации од болеста. Пациентот бил донесен на клиниката во тешка здравствена состојба...

Грипот ја зеде втората жртва годинава. На Клиниката за инфективни болести почина 69-годишен маж поради компликации од болеста. Пациентот бил донесен на клиниката во тешка здравствена состојба.
Бројот на заболени од сезонски грип е во постојан пораст. Амбулантите се полнат со пациенти кои се жалат на висока температура, болки во телото и кашлица. Лекарите со апел – да се почитуваат здравите навики и да се одбегнуваат гужви.
