Пациент почина од грип, зголемен број хоспитализирани
Грипот ја зеде втората жртва годинава. На Клиниката за инфективни болести почина 69-годишен маж поради компликации од болеста. Пациентот бил донесен на клиниката во тешка здравствена состојба. Бројот на заболени од сезонски грип е во постојан пораст. Амбулантите се полнат со пациенти кои се жалат на висока температура, болки во телото и кашлица.

Грипот ја зема и втората жртва во земјава. На Инфективната клиника почина 69 годишен маж. Пациентот бил со коморбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група рече директорот Цана. На клиниката бил донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија.
На Инфективна во моментов се хоспитализирани околу 30 пациенти со Инфлуенција А. Неколку се со кислородна поддршка. Еден пациент е механичка вентилација, како потежок случај. Граѓаните велат пробуваат да се заштитат од грипот.
Во периодот од 5-ти до 11-ти јануари регистрирани се 2.322 случаи на грип. бројот е зголемен за 34,6% во споредба со претходната недела. Празниците и собирите го земаат данокот со новозаразени.
Бројот на заболени од грип расте но ситуацијата засега е под контрола и здравствените власти сметаат дека нема потреба од воведување на дополнителни мерки а како што знаеме и од Министерството за образование, најавија дека учениците во вторник ќе се вратат во училишните клупи.
Ана Јосифоска
